Еуро Травел Интернешенел
е релативно нова туристичка агенција, основана во 2001 година, но во која работата луѓе со 12 годишно искуство во туризмот. Во своето кусо постоење имаме постигнато значителни успеси во своето работење.
Вработените одлично владеат повеќе јазици, англиски, италијански, грчки и француски. Работиме со рецептивен и иницијативен туризам и имаме посебно развиен авио шалтер кој функционира независно од аранжманскиот дел. А вработените поседуваат IATA лиценца и се приклучени на програмата Aмадеус за авио билети. Досега имаме реализирано повеќе чартер операции.
Еуро травел има деловни партнери од Египет, Малта, Турција, Грција, Германија, Бугарија, Србија и Црна Гора, Хрватска, Португалија, Тунис, Дубаи, Кина и Куба.
Агенцијата е членка на ATAM и активно учествува во управниот одбор на асоцијацијата.